Фото: Принтскрин/Јутуб

Командант на Иранската револуционерна гарда изјави дека Средоземното Море би можело да биде затворено доколку САД и нивните сојузници продолжат да вршат „злосторства“ во Газа, без да образложи како тоа би се случило.

– Тие наскоро ќе дочекаат затворањето на Средоземното Море, Гибралтарскиот теснец и другите водни патишта, изјави бригадниот генерал Мохамад Реза Накди, координатор на командантот на гардата – пренесува Ал Џезира.

Белата куќа претходно соопшти дека Иран е „длабоко вклучен“ во планирањето операции против комерцијалните бродови во Црвеното Море, додека бунтовниците Хути инсистираат на тоа дека не им треба помош од Иран за нападите.