Нега и убавина

При процесот на слабеење, важно е да се обрати внимание на тоа што пиете, па така, новосоздадените навики за избегнување засладени пијалаци и ограниченото внесување сокови и калорични напитоци можат да ви помогнат да се ослободите од масните наслаги на стомакот.
И диеталните газирани пијалаци се штетни. Според една студија од 2016 година, употребата на нискокалорични засладувачи е поврзана со зголемена тежина, поголема половина и поголема зачестеност на абдоменалната дебелина. Уште едно истражување во Сан Антонио, САД, е доказ дека оние што пиеле диетални газирани пијалаци добиле трипати повеќе во обемот на половината од оние што не пиеле.
Намалете ги овошните сокови, бидејќи повеќето од оние на пазарот се полни со шеќери.
Избегнувајте алкохол во големи количества, четири или повеќе чаши за два часа за жени или пет или повеќе чаши пијалак за два часа за мажи. Иако не изгледа опасно, опивањето може да го наруши здравјето и да предизвика здебелување.
Пијте протеини – редовното внесување протеини е важно за секоја возраст, бидејќи го витализираат телото, ја зголемуваат мускулната маса и чувството на ситост и благо го забрзуваат метаболизмот. Протеинска напивка пред да излезете навечер ќе ви помогне да го контролирате гладот и да не јадете премногу.