Автор: Д-р Емил Данков, специјалист по гинекологија и акушерство
Во бременоста здравјето на мајката и на нејзиното неродено дете се од особена важност. Правилната исхраната и осигурувањето на доволно хранливи материи е еден од најважните аспекти во текот на бременоста. Во овој период потребите на организмот се зголемуваат, барајќи посебно внимание и грижа за поддршка на одржување на здравјето на мајката развој на фетусот. За таа цел, суплементите од исхраната за бремени жени претставуваат неизоставен дел од здравата рутина за поддршка на оптималното функционирање на телото и осигурување на сите потребни нутриенти. Во бременоста, важно е да се консумира разнообразна и балансирана исхрана за да се обезбедат сите потребни хранливи материи за здрав развој на мајката и нејзиното дете. Некои од неопходните суплементи што можат да се најдат во одредена храна вклучуваат:
Фолна кислеина – Се наоѓа во лиснатиот зеленчук (спанаќ, брокула); мешунките (грав, леќа); агруми (портокал, лимони); житарки. Фолатите придонесуваат за нормално формирање на крвта, имаат улога во процес на клеточна делба и раст на ткивото на мајката во тек на бременост.
Железо – Добри извори вклучуваат: цвено месо (говедско, јагнешко); живина (пилешко, мисирка); риба (лосос, туна); грав и леќа; житарки; сушено овошје (кајсии, суво грозје). Придонесува за нормално создавање на црвени крвни зрнца и хемоглобин, како и намалување на замор и исцрпеност.
Калциум – Го има во млечните производи ( млеко, сирење, јогурт); лиснат зеленчук (кељ, брокула); збогатени млека од растително потекло (млеко од соја, бадемово млеко). Овој минерал е важен за стабилниот развој на скелетот на бебето, особено во последните три месеци од бременоста кога коските стануваат посилни. Помага во нормална функција на мускулите и нервниот систем . Здарво функуционирање на срцето и игра улога во коагулација на крвта.
Омега – 3 масни киселини: Богатите извори вклучуваат масна риба (лосос, скуша, сардина); ленено семе; чиа семе; ореви; јајца. Омега-3-масни киселини користени од страна на мајката во бременост придонесува за нормален развој на мозокот и очите на фетусот и доенчето.
Витамин Д – Природните извори вклучуваат масна риба ( лосос, скуша, туна); жолчки од јајце; млеко; сок од портокал; житарки. Придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем и игра улога во процесот на клеточна делба.
Протеини – Се наоѓаат во животински извори како: месо, риба, јајца и млечни производи; како и извори од растително потекло: грав, леќа, тофу, јаткасти плодови и семки. Тие се есенцијални во бременоста за здрав развој на ткивата и органите на бебето како и за поддршка на здравјето и енергијата на мајката.
Во многу случаи предизвик е да се задоволат сите потребни нутиренти исклучиво преку исхраната, осообено за време на бременост кога потребите на организмот се зголемуваат значително. За таа цел, дополнителни фармацевтски суплементи често се користат за обезбедување на потребниот дневен внес на витамини и минерали.