Фото: Пиксабеј

Зголемениот холестерол е еден од најбитните фактори за развој на болести на срцето и крвните садови. Некои симптоми може да се појават во многу рана фаза, односно откако само што маснотиите ќе почнат да се акумулираат во артериите. Според лекарите, првите знаци на оваа состојба најчесто се јавуваат ноќе.

Избегнувањето третмани против високото ниво холестерол е една од главните причини за насобирањето наслаги во артериите. Тоа е знак за намалување на протокот на крв. Д-р Адам Стејтен вели дека тогаш мускулите и ткивата во телото немаат доволно добро снабдување со крв, што може да резултира со состојба позната како периферна артериска болест.

– Тоа е истиот процес што води до срцев удар или мозочен удар, но со оваа состојба примарно се засегнати артериите на нозете, а нешто поретко и рацете – додава д-р Стејтен.

Според Клиниката во Кливленд, првите знаци на висок холестерол кај периферната артериска болест се најчесто болка, грчеви и непријатност во нозете. Најчесто се јавуваат ноќе, нарушувајќи го сонот на човекот.