Медицински совет
Одењето на спиење секоја вечер во различно време може да ве изложи на поголем ризик од срцев удар и мозочен удар. Неправилниот начин на спиење може да ги затне вашите артерии и да ги зголеми шансите за развој на болест.
Нова студија ги следела моделите на спиење во однос на стапката на срцев и мозочен удар кај 2.000 возрасни Американци во текот на три години. Откриено е дека ризикот од срцев удар се зголемува за 140 проценти кај оние со неправилни обрасци на спиење од само два часа во текот на една недела. Студијата исто така открила дека шансите за мозочен удар се зголемиле за 120 отсто кај оние што имале неправилен режим на спиење од само два часа неделно.
Водечкиот автор Келси Фул од медицинскиот центар на универзитетот „Вандербилт“ во Нешвил, Тенеси, рече дека луѓето треба да го подобрат својот сон за да се грижат за здравјето на своето срце.
– Одржувањето редовен распоред за спиење и намалувањето на варијабилноста на спиењето се однесувања што лесно се приспособуваат на животниот стил, што не само што може да помогне да се подобри сонот туку може да помогне и да се намали кардиоваскуларниот ризик кај постарите лица – вели тој.
Кардиоваскуларните болести се широк поим за состојби што влијаат на срцето или крвните садови и се една од водечките причини за смрт и инвалидитет во Велика Британија. Состојбите вклучуваат срцев удар, кога крвта до срцето е блокирана од акумулација на холестерол, и мозочен удар, кога тоа се случува со крвта во мозокот. Високиот крвен притисок и холестеролот, пушењето, дијабетесот, прекумерната тежина и недоволното вежбање го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести.
Студијата, објавена во списанието на Американското здружение за срце, ја разгледа врската помеѓу состојбите и шемите на спиење. Претходните студии го поврзуваа лошиот сон со неколку други состојби опасни по животот, вклучувајќи хипертензија, дебелина, дијабетес тип 2 и срцеви заболувања.