Здрава храна

Здрава исхрана и повеќе овошје и зеленчук е она што ќе ве советува секој лекар и диететичар, а тука се и рецептите за убавина. Меѓутоа, она што често се занемарува се малите ритуали за детоксикација, за кои некако никогаш немаме доволно време. Овие ритуали треба да ги применуваме долгорочно и доследно.
Со дланките тријте ги лицето, вратот и ушите: Енергичното будење е нешто на кое не му придаваме важност, затоа што брзаме на звукот на алармот и секогаш се грижиме дека ќе задоцниме. Веднаш штом ќе се разбудите, можете нежно да ги триете дланките за малку да ги размрдате и да ги загреете. Потоа нежно тријте го лицето, неколкупати поминете со врвовите на прстите преку веѓите, па продолжете со дланките од брадата до ушите, преку образите и потоа тријте го надворешниот дел од ушите.
Напијте се млака напивка по ваш избор: Многу луѓе сакаат да пијат чаша млака вода со сок од лимон, додека други не сакаат и ја пијат насила. Слушајте го вашето тело и одберете чај, растително млеко или протеински пијалак, но внимавајте да е млак и пијте го полека.
Прошетајте надвор најмалку 10 минути: Ако имате куќа со двор, ова време веројатно ќе го искористите за да направите нешто, можеби да ги пружите или да ги соберете алиштата, да донесете нешто од градината или да си играте со домашните миленици. Обидете се да се движите што е можно повеќе, да се истегнете малку повеќе, да трчате малку побрзо. Доколку немате двор, излезете на тераса и направете неколку вежби за истегнување. Ако немате тераса, отворете прозорец, по можност на сонце и дишете длабоко со лесни вежби.
Не јадете додека не сте гладни: Многумина ја нагласуваат важноста на утринскиот оброк, но појадокот треба да биде во време што најмногу му одговара на вашето тело. Најдобро би било да појадувате дури по утринското одење во тоалет. Исто така, задолжително изберете овошје или зеленчук.