Поради големиот интерес, изложбите „Мал формат“ и „МиниАРТура“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија ќе бидат отворени од денеска, од 19 часот, во Музеј-галеријата – Кавадарци и поставките ќе бидат отворени за посета до 20 декември. Ќе бидат претставени дела во дводимензионален и тродимензионален формат – цртежи, слики, колажи, скулптури, објекти, графики и дела во други техники од членовите на уметничката асоцијација.
– Малиот формат и минијатурата се чести модели на запишување фази од процесот на реализација на ликовните дела и со тоа се дел од тековната продукција на ликовните уметници. Во тој процес и продукцијата на финални ликовни дела во помал формат е од особено значење бидејќи дава посебно место на јасната идеја, прецизноста во реализацијата на делата и актуелност на понудениот концепт – велат од Друштво на ликовните уметници на Македонија.