Театарот „Бољшој“ е раскош, традиција, култура, уметност, магија. Секое стапнување таму, во мене буди возбуда, одговорност и гордост, вели Гаштарска

Стефанија Гаштарска, балерина

Потребно е да си атлет за да танцуваш, но и уметник за да бидеш балерина, и многу труд, упорност, одговорност и талент за да се биде дел од престижниот театар „Бољшој“ во Москва. Стефанија Гаштарска е првата македонска балерина што стана членка на ансамблот на светски познатиот руски театар. Но поради пандемијата нејзиното заминување во Москва e одложено. Периодов вежба за да ја одржи формата и подготвена да замине во Москва за претставите што ќе следуваат. Се надева дека наскоро ќе може да се пофали со одиграни претстави како официјално вработена во „Бољшој“.
Таа со балет се занимава од девет години, во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, во класата на Данилоска-Кочевска. На 15 години учи во Државното училиште во Перм (Русија), една од најстарите балетски школи за класичен балет. Образованието го продолжи на Академијата за балет на „Бољшој“, каде што во голема конкуренција дипломира со високи оценки како единствена балерина од странство во руски клас и е единствена од странска земја што влезе во „Бољшој“.

Да се биде дел од „Бољшој“ е сон на секоја балерина. Како е да се живее сонот?
– За да се живее сонот, односно да ви се оствари една високо поставена цел, значи пред сѐ многу работа, многу откажување и голема посветеност, но на крајот сатисфакцијата е огромна. За жал, поради ситуацијата со ковид-19 што го погоди целиот свет, сѐ уште не сум вратена во Москва. Најмногу ме радува што ќе ја имам таа чест да танцувам на штиците на кои животот го поминале најголемите светски балетски имиња, што ќе имам можност да работам со врвни педагози, да живеам со магијата и мирисот на култура и традиција во театарот, кој само до пред некоја година го имав гледано само на документарни емисии, со години мечтаејк?и да бидам дел од таа сцена.

Со кои зборови го опишувате „Бољшој“?
– Театарот „Бољшој“ е раскош, традиција, култура, уметност, магија. Секое стапнување таму во мене буди возбуда, одговорност и гордост. Атмосферата таму е пред сѐ работна. По цели денови многу проби, секој знае за што е таму и дека местото во тој театар треба да го заслужи и оправда. Нуди прекрасни услови за работа, со најврвни педагози, кои во свое време биле најголеми ѕвезди како на пример: Адрихаева, Симизорова, Павлова, Алаш, Грачова…

Како е да се игра на таа сцена? Чувствувате ли притисок дека мора да го извадите најдоброто од себе?
– Притисок не, ама огромна одговорност да. Самото тоа што сте опкружени со ѕвезди, балерини со врвен квалитет, е дополнителна мотивација, но и огромна одговорност. Секако, местото таму треба да се заслужи и секојдневно да се работи за да се оправда и, апсолутно многу битно, да се покажете во најдобро светло.

Со упорност, труд, талент успеавте да сте единствена од странска земја што влезе во „Бољшој“. Кои карактеристики си ги сметате за најсилни адути?
– Мојот најсилен адут е токму тоа – упорноста, како и трудот и веројатно талентот. А што е тоа што ми обезбеди место во најврвниот театар, веројатно е вербата во себе и тоа што си ветив дека ќе успеам и сѐ уште не се разочарав себеси, иако имам уште многу од поставените цели.

Кој е најдобриот сегмент од вашата работа, што најмногу сакате од тоа што сте балерина?
– Аплаузот! Нема поголема награда од аплаузот и задоволните лица во публиката, тоа е најголемата сатисфакција и награда за секој уметник. Моментот на сцена, не може да се спореди и замени со ништо друго.

Што сѐ е потребно за да се задржи човек во тој круг на луѓе? И тешко ли е да се биде дел од толку голема екипа, од толку голема институција?
– Повек?е одговорност отколку обврска. Ништо не е тешко ако го работиш тоа што го сакаш, односно ако си го живееш сонот. Во која било професија, па и во балетот, за да се задржиш на врвот, треба да работиш напорно и со ентузијазам, како и кога се качуваш кон врвот. Ниедно место не е загарантирано, ама па затоа, до тебе е дали ќе го гледаш животот од горе или од долу. Иднината и успехот на секого зависат од него самиот, а јас сум решена и подготвена да работам колку и да е потребно само да си го остварам планираното.

Кој или што имаше најголемо влијание врз вас како балерина?
– Па, јас некако сум растена во светот на балетот, бидејк?и и мајка ми е балерина, па оттука и љубовта кон балетот. Растена сум со документарците за балетот во Русија, Москва, Петербург… Таа опсесија кон балетот на тие врвни балетски имиња беше и сѐ уште е огромна мотивација за мене и, едноставно, многу сум срек?на што сум привилегирана да ја работам оваа работа, да се занимавам со најубавата уметност – балетот. Потоа следуваат многу проби, вежби, натпревари. Но со една цел во главата, да го живеам тој живот, колку и да е тежок и колку и да изгледа невозможно да се стигне таму, особено за мало полничко девојче какво што бев јас. Балерина што најмногу ме мотивирала и инспирирала е Светлана Захарова.

Омилен карактер што сте го одиграле?
– Омилена улога и дефинитивно најзначајното парче што сум го одиграла и што ми го смени животот можам да кажам е настапот на 200-годишнината на Петипа, кој се одржа на сцената на „Бољшој“, каде што ми припадна честа да го затворам концертот во улогата на Аурора од претставата „Заспаната убавица“.

Колку пандемијата се одрази на театарот и на балетот?
– Пандемијата ужасно многу се одрази на сите, во сите сфери, но особено во уметноста. Намалениот обем на работа, константните карантини, претставуваат огромен проблем за балетските уметници, бидејк?и кај нас и два дена неработа се многу, а камоли повек?е. Лошото е што ние, балерините, тешко влегуваме во форма, а многу лесно ја губиме. Балетот бара секојдневни проби и вежби и во соодветни услови и затоа пандемијата многу влијае на нас. Само се надевам дека сево ова брзо ќе помине и сѐ ќе се врати во нормала.