Драги деца, како што се договоривме, во овој и во наредните броеви на „Колибри“ ќе ви ги претставиме повеќето цртежи што ни ги испративте на конкурсот, со кој ја заокруживме славеничката 2023 година, во која го прославивме 65-от роденден на вашето омилено гласило.
Прво ќе почнеме со творбите што ги добивме од странство. Денеска наша гостинка е деветгодишната Вита Поповиќ, која учи во Загреб, Хрватска, во основното училиште „Дугаве“.
Освен што навреме ги завршува училишните обврски, таа, како и сите деца, сака многу нешта, а најмногу да црта.
Нејзина роднина од Скопје ја известила за нашиот конкурс, па вредната и секогаш насмеана Вита ни испрати неколку цртежи, кои се надеваме ќе ви се допаднат.
Освен што сака да црта, Вита најмногу сака да го минува времето во местото Храстовац, каде што живеат баба ѝ Жељка и дедо ѝ Перо, кои многу ги сака и каде што ужива во дружбата со своите братучеди Доминик и Дора.
Инаку, Храстовац се наоѓа во Бјеловарската-билоградска жупанија и е во состав на градот Гарешница. Името го добило по некогашните дабови шуми што растеле во тоа подрачје.
Ја поздравуваме Вита и се надеваме дека и во иднина ќе ни испрати некои од нејзините цртежи.

М.Т.