Како природни суштества за луѓето е најважно да бидат во добра состојба и да имаат доста сили за движење и работење. Тоа се нарекува здравје. Тоа е толку важно за човекот, што се вели дека здравјето е нашето најголемо богатство.
Определувајќи го толку високо значењето на здравјето, луѓето се труделе да дојдат до сознанија како да го чуваат здравјето и како да ги поправат нештата ако тоа им се наруши. Од сите науки што ги измислило човештвото, најважна е медицината, за неа се даваат најмногу средства и во неа се вложуваат најголеми надежи. Добро е ако човек мисли на своето здравје и на здравјето на другите, ако прави сѐ што може да ги зачува и своето и туѓото здравје и да не дозволи лесно да се јави болест, а ако таа се појави, да се труди да ја совлада. Така човекот ја искажува својата прва љубов за природата.
Чувањето на здравјето е една од најважните етички задачи на човекот. Кој си го чува здравјето, има задоволство од својата добра состојба и е морално добар.

Кој не внимава на здравјето, се повредува себеси или другите, а тој самиот си префрла зашто не постапил правилно, па и другите го критикуваат поради тоа. Најважно е дека секој треба да научи оти обврска за сите е да внимаваат на здравјето и да го чуваат.
Во екот сме на пандемија на коронавирусот. Основните сознанија за однесувањето на човекот кон заразните болести се блиски со основните етички совети:
– бидејќи од инфекцијата произлегуваат лоши последици, човекот треба со сите сили и знаење да внимава да не се зарази;
– бидејќи носителот на заразните болести е напаѓач со лош глас, има зли цели и предизвикува тешки последици – однесувањето кон него треба да биде одбранбено, за да не се дозволи да му нанесе штета на човекот;
– секој задолжително треба да се консултира со лекар за побрзо излекување и контрола и треба да ги слуша советите на медицинските лица;
– секој мора да стори сѐ за да ги избегне шансите за инфицирање;
– бидејќи заразената личност може да стане преносител на зараза, таа има посебна морална одговорност да ги чува другите луѓе и да не им ја пренесе грдата болест.


Најпознати морални норми за здравјето:

Чувај го здравјето, внимавај на однесувањето – болеста демне секој час.
Грижи се за здравјето на блискиот. Советувај го другарот д
а си го чува здравјето.
Послушај го лекарот што ќе те советува!