Деновиве на адресата на нашата редакција пристигна благодарница за нашиот весник „Нова Македонија“ и прилогот „Колибри“ за успешна соработка, професионалност и медиумска поддршка на училишните активности на ООУ „Никола Карев“ од Кочани.
Искрено се заблагодаруваме и се надеваме дека и во иднина ќе ја извршуваме нашата мисија, промовирање на активностите на училиштата во цела Македонија, особено оние што се однесуваат на литературата и на изучувањето на нашиот убав македонски стандарден јазик.