На големиот христијански празник Богојавление-Водици, по одржувањето на богослужбата од страна на отец Димитрие Павлески, во црквата „Св. Никола“ во Подгорци, поворката верници тргна кон изворот Марул, каде што свештеникот Димитрие Павлески, по осветувањето на изворската вода, го спушти светиот крст во изворот.

Од групата момчиња што скокнаа по крстот, оваа година среќата му се насмевна на Атанасие Блажески ученик од шесто одделение при ОУ „Гоце Делчев“ во Подгорци, а присутните верници среќникот го даруваа со парички.
Празникот Водици е посебен ден за Подгорци и за подгоречките православни верници, кој секоја година се чека со голема радост.
Ст.К.