Со задачата по ликовно, на тема „Облечи се како познат сликарски портрет или позната личност“, наставничката Касиопеја Наумоска од Скопје им дала шанса на своите ученици да ја покажат нивната креативност. Таа предава ликовно во основното училиште „Круме Кепески“ во Скопје, а кога ќе ги видите фотографиите, ќе ви стане јасно дека децата сигурно ги надминале нејзините очекувања.
Проектот на оваа наставничка докажува дека децата се креативни генијалци, а потребен им е само поттик за да го покажат тоа. Фотографиите од проектот се објавени на официјалниот сајт на училиштето, а ние ви претставуваме некои од нив.