Подготви: Христо Ивановски
Првиот меѓународен Фестивал на светлината во Шангај ќе се одржи од 19 септември до 18 октомври, прикажувајќи го ноќниот шарм на метрополата.
Составен од повеќе од 100 шарени настани низ градот, фестивалот ќе го има своето свечено отворање во Изложбениот центар во Шангај, од 19 до 27 септември, кога ќе се одржи серија од осум тематски настани, вклучувајќи архитектонски визуелни проекции, изложба на светлината, уметнички инсталации, изложба на индустријата за осветлување од целиот свет, лансирање урбана мапа што ги истакнува сценските места со дизајн на осветлување, форум на експерти во индустријата за осветлување и изложба на достигнувањата на развојот на индустриите за урбано осветлување во Шангај.
Архитектонските визуелни проекции ќе бидат претставени на таванот на куполата во фоајето и на надворешноста на фасадата во неокласичен стил на изложбениот центар во Шангај, според Денг Џианпинг, директор на административното биро за уредување и градски изглед во Шангај, кој е и заменик-шеф на организацијата.
Поддржан од Меѓународната комисија за илуминација и ЛУЦИ, меѓународната мрежа на градови за урбано осветлување, на форумот ќе учествуваат 64 меѓународно познати уметници од 12 земји и региони.
Повеќе настани и изложби ќе се одржат на 12 локации низ градот, секоја од нив истакнувајќи ги своите карактеристични обележја.