Рекордите го прават „Нежа 2“ не само титан на киноблагајните туку и културен феномен, што дополнително ја нагласува способноста на Кина да произведува домашни блокбастери што ја привлекуваат публиката. А покрај домашниот успех, „Нежа 2“ е подготвен за забележителни резултати и на меѓународно ниво како културен мост, нудејќи ѝ на глобалната публика увид во богатата митологија и традиции на Кина. Во меѓувреме, неговиот вкупен приход (вклучувајќи претпродажба) достигна 1,12 милијарда долари до неделата
„Нежа 2“ ја запознава глобалната публика со богатата митологија и традициите на Кина
Кинескиот анимиран блокбастер „Нежа 2“ урна повеќе рекорди на боксофисот, станувајќи првиот филм што надминал заработка од милијарда долари на еден пазар и првиот нехоливудски наслов што му се придружил на ексклузивниот „милијардерски клуб“.
Второто продолжени на митолошкиот серијал, исто така, постави нов рекорд за гледаност во Кина, привлекувајќи над 160 милиони филмски посетители, според податоци од платформите за билети „Маојан“ и „Бикон“.
Анимираниот филм се појави на големото платно за време на профитабилната Кинеска нова година на 29 јануари, надминувајќи го „Волкот воин 2“ од 2017 година, со што стана најгледаниот филм во Кина. Во меѓувреме, неговиот вкупен приход (вклучувајќи претпродажба) достигна 1,12 милијарда долари до неделата.
За само осум дена и пет часа по прикажувањето, „Нежа 2“ стана кинескиот филм со најголема заработка на сите времиња, надминувајќи го рекордот од 5,77 милијарди јуани поставен од „Битката кај езерото Чангин“. Еден ден подоцна, тој го престигна „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ и стана филм со најголема заработка досега на еден пазар, достигнувајќи над 6,79 милијарди јуани во Кина во петокот.
Како продолжение на анимираната сензација „Нежа“, која заработи пет милијарди јуани и се најде на врвот на топ листите на боксофисот во земјата во 2019 година, вториот дел ја воодушеви публиката со својата неверојатна визуелност, богата приказна и длабока културна резонанца.
Рекордите го прават „Нежа 2“ не само титан на киноблагајните туку и културен феномен, што дополнително ја нагласува способноста на Кина да произведува домашни блокбастери што ја привлекуваат публиката. А покрај домашниот успех, „Нежа 2“ е подготвен за забележителни резултати и на меѓународно ниво како културен мост, нудејќи ѝ на глобалната публика увид во богатата митологија и традиции на Кина.
Џиаози, кој се прослави по успехот на „Нежа“, нагласи дека меѓународниот успех на кинеската кинематографија зависи од внатрешниот шарм на самите дела.
– Се работи за тоа дали сценариото, приказната и неговите ликови можат да ја придвижат публиката низ светот – рече тој во видеоинтервју.