Светската организација за интелектуална сопственост (ВИПО) го објави својот индекс за глобални иновации за 2021 година. Во него беше оценето нивото на иновации во 130 економии, фокусирајќи се на долга листа на критериуми, како што се човечкиот капитал, институциите, технологијата и креативниот производ, но и софистицираноста на пазарот и бизнисот. Индексот за 2021 година откри дека иновацијата сè уште цвета во некои сектори и покрај глобалното забавување на економијата и пандемијата на коронавирусот, особено во индустриите што се поврзани со јавното здравје и животната средина. Швајцарија се наоѓа на врвот на ранг-листата со резултат од 65,5 бода, од вкупно 100, со што по единаесетти пат стана светска лидерка во иновациите. Веднаш зад неа е Шведска, а САД ја заокружуваат големата тројка.
Една од најголемите победнички во рангирањето беше Јужна Кореја, која се искачи од десеттото место лани на петтото оваа година. Кина е 12-та најиновативна нација во светот, додека лани беше на 14-то место.