Домување

Ако сакате вашата облека подолго да изгледа како нова, важно е да знаете како правилно да ја перете. Постојат неколку вообичаени грешки на кои сите забораваме да обрнеме внимание.

Сите знаеме дека треба да ја переме долната облека одделно, но повеќето од нас сепак ја перат заедно за да заштедат време. Ленот, тантелата, свилените материјали, како и волната и кашмирот треба да се перат со слични парчиња облека за да се спречи нивното растегнување или оштетување.

Повеќето машини имаат програма за перење деликатна облека. Ако вашата сепак ја нема, перете ја облеката на 30 степени со бавно центрифугирање.
Ако имате некои алишта што се значително повалкани од другите, задолжително перете ги одделно или рачно за да избегнете пренесување дамки. Оставете ги алиштата со тврдокорни дамки да киснат до еден ден во мијалник или леген.

Многумина од нас, исто така, често забораваат да ја перат темната и светлата облека одделно. Ова правило особено треба да важи ако перете ново парче облека. На пример, никогаш не перете ги светлите бои како жолта, светлосина и портокалова со нешто темно сино или виолетово.