Во Прилеп
Прилепскиот Завод и музеј петта година по ред го реализираше проектот хепенинг „Њу ивент теншн 2024“ („New Event-tention“), кој беше во чест на великанот Блаже Конески. Бидејќи овој проект е за соработка со школска популација оваа година, како што вели координаторката, м-р Лилјана Неделкоска, биле вклучени ученици техничари од Народна техника – Прилеп, кои притоа изработиле голема макета од куќата на Конески во селото Небрегово, која ќе остане како вреден подарок во спомен-куќата.
– Малите од „Еду шампиони“ изработија мозаик од куќата со природни материјали, како леќа, грав, ориз, пченица и слично, а исто така подготвиja и рецитал. Наедно имаше и изработки со ликот на Блаже Конески и неговата песна „Дете“. Под водство на наставничката Елена Димоска од ОУ „Блаже Конески“ нејзини талентирани ученици изработија уметнички слики со ликот на Конески и на куќата, со мрсни бои, кои ги врамивме и остануваат во музејот за некоја наредна добротворна хуманитарна продажна изложба. Настаните се одвиваа континуирано цел мај со поддршка на Министерството за култура. Овој проект веќе е препознатлив како мултикултурен проект – посочува Неделкоска.
Ка.М.