Фотовест:

Учениците од ООУ „Ванчо Прке“ и од ООУ „Св. Климент Охридски“ од Делчево неколку дена кампуваа во Словенија, во организација на ТППЕ-Делчево и ТППЕ-Чрномељ, како симбол на заедничкото пријателство меѓу двете пријателски земји.
Пред заминувањето за Словенија, учениците од Делчево собираа хуманитарна помош за своите врсници од поплавените подрачја во оваа држава.