Фото: Пиксабеј

Домување

Во повеќето домови во текот на зимата се појавува влага на прозорските стакла, но домашното растение што спречува кондензација може да ја намали можноста за овој класичен феномен. Тоа не бара многу внимание, а ќе ја заврши работата.
Кондензацијата на прозорците може да се претвори во мувла, но експертите за градинарство открија лесен начин да се намали феноменот без никаков напор. Наместо крпи, едноставно набавете растение пајак или зелен крин. Многумина истакнуваат дека откако го имаат тоа растение кај нив нема влага на прозорците, пишува „Сан“.
Најдобриот дел е што не му треба преголема нега. Многумина велат дека понекогаш забораваат да го наводнуваат, но растението е сепак здраво.
Експертите за растенијата во Џеј Скотс потврдија дека таканареченото растение пајак може да спречи кондензација, а со тоа и формирање мувла. Ова растение добро ја впива влагата во просторијата, па затоа е одлично да го имате, особено во зима.
– За максимален ефект, растението чувајте го во просториите каде што има најчесто кондензација, како што се бања, кујна и спална соба – нагласија тие.
Зелениот крин е препознатлив, има тенки зелени листови со бели ленти. Приспособлив е на различни светлосни и температурни услови, па затоа не треба често да се полева.
– Покрај тоа што помага во намалувањето на нивото на влажност преку апсорпција на влагата од воздухот, тој е одличен во прочистувањето на воздухот и отстранувањето на загадувачите како што се формалдехид, ксилен и јаглерод моноксид – заклучија тие.