Нега и убавина
Со сигурност можеме да кажеме дека стапалата се еден од најспецифичните делови на телото, пред сѐ затоа што буквално ја „носат“ нашата тежина по цел ден, секој ден, што со текот на времето може да се забележи и на самата кожа доколку не се грижиме. Без разлика дали шетате во тесни чевли, сандали што ја откриваат вашата кожа или цело лето сте го поминале боси, сигурно веќе сте се сретнале со проблемот со сува кожа, плускавци или испукана кожа, што воопшто не е пријатно чувство.
А имајќи предвид дека кожата на стапалата е многу подебела од кожата на другите делови од телото, кога бараме совршен производ што ќе ја омекне нашата кожа, потребно е да се фокусираме на специјализирани кремови за стапала, кои многу често кријат многу состојки што не се многу нежни, како за нашата кожа така и за природата што нѐ опкружува.
За овој домашен рецепт, кој речиси падна во заборав, потребна ви е само комбинација од неколку лажички сода бикарбона и литар топла вода. По само неколку дена користење ќе забележите значителна разлика, а доколку се одлучите да го нанесувате овој препарат двапати дневно, бидете сигурни дека никогаш повеќе нема да посегнете по агресивни производи и разни „турпии“ за петиците, кои особено ги користиме.
Содата бикарбона е одличен природен лек за омекнување на грубите петици бидејќи дејствува како нежен пилинг и помага да се отстранат мртвите клетки од кожата. Содржи и својства што помагаат во одржување на пеха-рамнотежата на кожата, со што значително ќе се намалат сувоста и грубоста на петиците. А зошто нашите баби ја користеле оваа едноставна мешавина од сода бикарбона и вода како пилинг за петици со децении, откријте сами и засекогаш ослободете се од скапите и токсични препарати.