Фото: Принтскрин

Во 2015 година кинескиот палеонтолог Линда Ксинг пронашла необично парче килибар на пазар во Мјанмар. Таа мислела дека има нешто интересно внатре, но откритието станало јасно дури по спроведено истражување. Резултатите ги надминаа сите очекувања: килибарот содржеше парче опашка од диносаурус покриено со пердуви.
Ова е првпат да се најдат остатоци од диносаурус во килибар. Опашката му припаѓала на млад коелуросаурус за кој се верувало дека бил заробен во смола додека бил жив и не можел да избега.
Студијата покажала дека опашката се состои од осум пршлени опкружени со пердуви што се зачувани во тридимензионална форма со микроскопски детали.
Пршлените не се споени на начин како кај модерните птици и нивните најблиски роднини, а опашката е долга и флексибилна, со пердуви од јазилот. Со ова се потврдува дека пронајдените пердуви му припаѓале на диносаурус, а не на птица, пренесува сајтот „Артравелер“.