Во издание на издавачка куќа „Интеракција плус“, со материјална помош од Министерството за култура, а во рамките на програмата за поддршка на проекти од национално значење, излезе од печат книгата „Печатот на вистината“ од Гоце Ристовски.
– Најновата книга од Гоце Ристовски, „Печатот на вистината“, ја сочинуваат повеќе критичко есеистички текстови, следејќи го начинот на кој театарот преживеа како жива традиција, постојано докажувајќи ја сопствената неопходност, менувајќи се во зависност од шемите на животот, често влијаејќи на нивниот облик и боја. Оваа книга, според сфаќањето за театарот како згуснато време, опфаќа временски период што се протега од почетокот на театарот, од пред повеќе од две и пол илјади години, сѐ до денешен ден, притоа и на наша почва – истакнува проф. д-р Христо Петрески.
Ристовски е автор на повеќе од 20 прозни, драмски, критичко-есеистички и монографски книги.