Сигурно некаде сте слушнале дека високоинтелигентните луѓе пишуваат многу нечитливо. Многу интелигентни луѓе имаат лоши навики, кои инаку не би им се припишувале. Внатрешноста може да скрие многу, а често се вели дека не познаваме личност додека не поминеме часови или дури денови без да се одвоиме од неа. Токму поради оваа причина е неправедно да се формира слика за личност врз основа на првиот впечаток. Навистина е потсвесно, но дозволете си да се изненадите од тоа колку отворениот, без предрасуди ум може да ви покаже за одредена личност.
Можеби сте забележале некои од овие навики кај блиска личност и кај себе, можеби сте ги припишувале за недостатоци, но овие навики едноставно ја откриваат високата интелигенција на една личност.
Неред: Неуредната и неорганизирана личност се смета дека е помалку продуктивна, но тоа не е секогаш така! На Универзитетот во Минесота откриле дека оние што имаат неуредни соби и работни простори се всушност поинтелигентни од оние што чуваат сè под „конец“.
Будење доцна: Ако сте останале до доцна и низ утринското кафе ги проколнувавте утрото и честите проѕевања, но сепак ги завршивте обврските оставајќи впечаток на мрзливост, знајте дека тоа не е вистина. Деноноќниот ритам очигледно ви функционира поинаку. Се претпоставува дека постои врска помеѓу деноноќниот ритам и нивото на интелигенција. Многу истражувања покажаа дека оние што подоцна легнуваат и подоцна се будат имаат поголем коефициент на интелигенција.
Пцуење: Луѓето што користат многу лоши зборови често оставаат впечаток на груба личност со која можеби нема да влеземе во разговор. Сепак, познато е дека луѓето што пцујат повеќе се поинтелигентни, имаат побогат речник и подобри реторички вештини од оние што не пцујат. Исто така, таквите луѓе стануваат поискрени, бидејќи таквиот лабав речник го открива нивната искреност и импулсивни емоции, кои многу луѓе ги чуваат зад маската кога излегуваат во светот.