Здрава храна
Спанаќ: Овој зелен листен зеленчук е вистинска ризница на хранливи материи. Спанаќот е богат со витамини А и К, а богат е и со растителни влакна. Добар е за варењето, срцето и имунитетот, а некои студии покажаа дека може да помогне за спречување рак.
Моркови: Покрај големото количество витамин А, морковите содржат и други хранливи материи, како калиум и витамини Ц и К. Многу се важни за здравјето на очите, но и за подобрување на имунитетот.
Прокељ: Овој зимски зеленчук е една од најздравите намирници воопшто. Содржи многу антиоксиданти, кои го зајакнуваат имунолошкиот систем и го одржуваат здравјето на клетките. Тој е исто така богат со влакна, магнезиум, калиум и витамини А, Ц, К и Б9.
Брокула: Друг исклучително хранлив зеленчук е несомнено брокулата. Содржи витамини К, Ц и Б9, како и калиум и манган. Според некои истражувања, редовното консумирање на оваа намирница го намалува ризикот од добивање рак.
Аспарагус: Искористете ја пролетта и консумирајте колку што е можно повеќе аспарагус. Тој е богат со витамини Б9 и К, селен и многу антиоксиданти. Аспарагусот е особено добар за здравјето на црниот дроб и бубрезите, а се препорачува и за трудници.