Нега и убавина
Маракујата е навистина вкусно овошје, но дали знаете дека неговиот сок создава и масло што може да направи чуда за вашата кожа, коса и нокти? Ова масло е богато со масни киселини, како и со витамини, вклучувајќи ги витамините А, Ц, Е и Ф, кои на кожата ѝ обезбедуваат антиоксиданти. Овие антиоксиданти помагаат да се заштити кожата од оштетувања предизвикани од слободните радикали. Покрај тоа, високата содржина на хранливи материи, како што се масните киселини, може успешно да ја обнови кожата. Маслото исто така дејствува како состојка против стареење, обезбедувајќи младешки хидриран сјај. Состојките како витамин Ц и витамин А може да помогнат да се намали појавата на брчки.
Но ова масло не е добро само за вашата кожа туку се препорачува и за навлажнување на скалпот, намалување на опаѓањето на косата и спречување на појавата на расцепени врвови. Богатата содржина на омега-3 и омега-6 масни киселини ја зајакнува косата однатре кон надвор. Маслото може да се користи и како третман за коса или регенератор. Ноктите, пак, исто така имаат корист од употребата на масло од маракуја. Се препорачува да се користи за кутикулите бидејќи може да ги подобри состојба и здравјето на ноктите со додавање хидратација.
За кожата, нанесете неколку капки масло на лицето и вратот во активните серуми. За да може маслото најдобро да се апсорбира во кожата, треба да бидете сигурни дека кожата е подготвена пред нанесувањето. Маслото е безбедно за употреба на сите типови кожа, дури и за мрсна кожа склона кон акни. За косата, пак, по миењето нанесете мало количество масло на коса исушена со крпа. Треба да го користите ова масло умерено, не повеќе од два до три пати неделно. Може да се користи и како третман пред миење на косата, во тој случај нанесете го на скалпот и оставете го половина час пред миење. За ноктите се препорачува нежно да се масира мало количество масло околу кутикулите. Важно е да се внимава да не се трие премногу грубо.