Фото: Пиксабеј

Домување

Во зимските месеци, кондензацијата е чест проблем во бањата, па затоа е важно да знаете како да ја спречите пред да се појават проблеми со влага или со мувла. Два клучни фактора за намалување на кондензацијата во бањата се зголемување на протокот на воздух и одржување на топлината. Со тоа што ќе дозволите да излезе влажниот воздух, ќе спречите ладење на поголемите површини и ќе го намалите и количеството кондензација во бањата.
Отворете го прозорецот додека се туширате. Природната вентилација брзо ја намалува акумулацијата на кондензација за време на туширањето. Избришете ги влажните површини по туширањето. Откако ќе завршите со туширање, користете гума за да ја повлечете водата од стаклото или од ѕидовите по туширање и да ја спуштите во одводот. Можеби ви звучи чудно, но ако пуштите ладна вода под тушот веднаш штом излезете, ќе го намалите количеството пареа во воздухот, а со тоа и кондензацијата. Украсете ја бањата со растенија што впиваат влага. Растенијата се одлични природни апсорбирачи на влага, а некои видови напредуваат во влажни услови. Ако немате прозорец, ставете вентилатор. Инсталирањето моќен издувен вентилатор во бања без прозорци лесно може да спречи создавање кондензација. Оставете ја вратата од бањата подотворена. Иако ова може да изгледа контрапродуктивно, оставањето мала празнина (до еден сантиметар) овозможува воздухот да тече, особено ако соседната просторија има природна вентилација. Греењето на бањата е клучен чекор. Ако одржувате константна температура во бањата, го намалувате бројот на ладни површини на кои се формира кондензација.