Здрава храна
Кој не би посакал парче вкусна, студена диња во текот на летните горештини? Не само што е вкусна и освежува туку е и многу здрава. Богата е со витамините Ц, Б, со бетакаротен, калциум, калиум, магнезиум, фосфор и со железо. Дињата содржи 89 проценти вода, малку шеќер и е одлична летна ужина што ќе ви помогне да ја одржите витата става. Има неколку здравствени придобивки ако во текот на летото уживате во овошна салата од диња.
– Одлична е за детоксикација. Му помага на телото да се ослободи од вишокот сол и го намалува крвниот притисок.
– Сокот од диња е одличен за ублажување на болката. Натопете малку газа во сокот од диња и ставете ја на болното место да стои неколку часа.
– Дињата е познат народен лек за намалување на нервозата.
– Помага да се ослободите од камен во бубрег.
– Помага при убод од инсекти, при изгореници и проблеми со желудникот.
– Богата е со бетакаротен и помага во борбата против канцерот.
– Ја спречува дегенерацијата на клетките и го подобрува видот.
– Богата е со калиум што ја одржува активноста на срцето.