Здрава храна

Бамјата спаѓа во густо нутритивните храни, бидејќи содржи огромен процент на вода, а од друга страна и низа микронутриенти и растителни влакна. Во 100 грама бамја се содржат само 33 калории, од кои 7,5 грама јаглехидрати (од кои 1,5 г шеќери), 2 грама од протеини и 0,2 грама масти. Од микронутриентите, бамјата ги содржи витамините К, Ц, Б6, Б9, А, а од минералите содржи магнезиум. Дополнително, бамјата содржи и одреден процент на калциум и калиум, но и помал процент на бакар, натриум, железо и некои други витамини од групата Б.
Продуктите како бамјата го заштитуваат мозокот од симптомите на стареење и ги подобруваат неговите перформанси во однос на меморијата и способностите за учење. Бамјите се добра храна при процесот на слабеење и добра храна за дигестијата, бидејќи студиите ги поврзуваат растителните влакна со побрзото и поуспешно слабеење. А тие помагаат и при еден од најчестите проблеми со дигестивното здравје – констипација или запек. Едно истражување покажува дека со зголемувањето на внесувањето фибер во организмот, опаѓаат шансите за развивање колоректален канцер.
Бамјите содржат компонента со уникатна гел-структура или слуз, кој има можност за поврзување со холестеролот во текот на дигестијата, предизвикувајќи понатаму негово излачување преку столицата.
Овој зеленчук е погоден и за дијабетичарите и за превенција од шеќерната болест.