Меѓународна соработка
На неодамнешниот државен натпревар за интерпретирање француска шансона, во организација на фондацијата „Бел идеал“ од Париз, Франција, Антонија Донеска од Прилеп ја освои втората награда. Таа се претстави со изведба на песната „Derniere danse“ од Индила (Indila), а ја исполни во придружба на ученичката Марија Велкоска, која свиреше на синтисајзер. Со прекрасната изведба таа ги освои срцата и на жирито и на публиката. Наедно ова беше последниот франкофонски настан за оваа учебна година.
Деветтоооделенката Антонија Донеска од ООУ „Гоце Делчев“-Прилеп го освои второто место во категоријата натпреварувачи од основно образование. На нејзина голема радост, наградата е престој во франкофонски летен камп.
На овој настан најдобрите франкофони во Македонија, односно сите победници на националните натпревари, за презентации, натпревари за спелување, натпревари за пишување, насловени „Кажи ми десет збора“, и оние што учествуваа на олимпијадите, добија можност, како и Антонија, да бидат дел од франкофонскиот летен камп. Што ќе се одржи во јуни годинава, под претседателство на Јадранка Бојковска и претседателката на Здружението на професори по француски јазик на Македонија, Валентина Гацоска-Златковска.
Инаку, голем придонес за успехот на прилепските ученици има нивната наставничка по француски јазик Ирена Наумоска.
Ка.М.