Заедно со стотици други крајбрежни, островски градови и целосни острови, Венеција – пловечкиот град наскоро, би можела да се најде под брановите доколку нивото на морето продолжи со брзиот пораст. Градот полека се навалува на исток, а низ историјата преживувал поплави што одземале над 70 отсто од неговите улици, нанижани палати и базилики. Но и покрај тоа што би можело да дојде до такви трагични загуби, и понатаму би ја имале Венеција, или барем дигиталната верзија од неа, таква што ќе собере илјада години уметност, архитектура и документација за продавниците и бизнисите. Всушност, ќе биде создадена своевидна виртуелна временска машина.

Овој амбициозен проект за дигитализација на 10-вековната архива на Венеција, наречен „Венециската временска машина“, ја користи најновата технологија на историска реконструкција, отпорна на идните катастрофи. Тоа ќе биде најголема колекција на содржини што не биле достапни за јавноста. Така, на пример, најголемиот дел од колекцијата на Државниот архив никогаш не била прочитана од страна на современите историчари.

– Ќе се користат најсовремени скенери што можат да читаат дури и неотворени книги, до адаптибилните алгоритми што ќе ги претворат рачно напишаните документи во дигитален текст што може да се пребарува – вели Алисон Абот.

Во прилог на потомството, корисниците на овој труд вклучуваат историчари, економисти и епидемиолози „кои сакаат да пристапат до пишаните записи што ги оставиле десетици илјади обични граѓани“. Лорен Дастон, директорка на Институтот за историја на науката во Берлин, ја опишува нестрпливоста на научниците: „Ние сме неверојатно возбудени за можностите“. Водачот на проектот, Фредерик Каплан, професор од Политотехничкиот полигон на Лозана, ја споредува архивската колекција со „темна материја – документи што речиси никогаш никој не ги проучувал“.

– Користењето вештачка интелигенција за реконструкција на историјата на Венеција во виртуелна форма, не само што ќе ја направи студијата на оваа историја помалку херметичка, туку би можело исто така да го промени разбирањето на научниците за минатото – посочува Абот.

Имено, историчарите ќе имаат можност да ги реконструираат животите на стотици илјади обични луѓе – занаетчии и сопственици на продавници, претставници и трговци. Временската машина ќе биде своевидна „социјална мрежа од средниот век“, способна да го врати минатото како заеднички ресурс за иднината.