Откриен е цртеж на Леонардо да Винчи, кој повеќе од 500 години бил скриен под една од неговите најпознати слики „Богородица во пештера“, соопшти деновиве Националната галерија во Лондон.

Експерти од истата галерија го анализирале ова дело на дисплеј и откриле дека Леонардо го започнал, а потоа го оставал цртежот пред да започне да го слика делото на кое луѓето со векови му се восхитуваат. Откриени се почетните движења на ангелите и бебето Исус на сликата како и отпечатоците на раката на уметникот или на асистентот.

Споредувајќи ја познатата слика со снимката на онаа под која се гледа цртежот, како што пренесе Си-ен-ен, се воочува дека Леонардо го променил аголот на главата на бебето Исус и дека таа се гледа од профил како и дека тој ги отстранил локните.
Се гледа дека се откажал од првобитната композиција на двете фигури и дека ги подигнал, дека повеќе го открил лицето на ангелот и повеќе го приближил до Богородица. Експертите на галеријата укажале дека цртежите се откриени затоа што се работени во материјал што содржи цинк, кој е видлив под икс-зраците како и по пат на новите и хиперспектрални снимки.