Само пет дена по катастрофалниот земјотрес и цунами на индонезискиот остров Сулавеси, во кои загинаа 1.234 луѓе, проработи и вулканот Сопутан. Вчера беше регистрирана ерупција на вулканот што се наоѓа во северниот дел на островот, на околу 600 километри североисточно од Палу, но нема извештаи за евентуални жртви или причинета штета.