Пет мита во врска со негата на домашните миленици

Меѓу сопствениците на домашни миленици често кружат разни неточни информации за здравјето и грижата на животните. За да се разјаснат некои работи, ви наведуваме неколку најчести заблуди за здравјето на домашните миленици и вистини.

1. Превенцијата од паразити не е потребна во текот на целатагодина.
Некои паразити, како што се црвите, може да го инфицираат животното во текот на целата година, така што е неопходна континуирана и ефективна превенција. Меѓутоа, во последниве години се забележува зголемување на случаи на миленичиња каснати од крлежи во текот на зимскиот период, како и појава на болви. Затоа е важно да го заштитите вашето милениче од овие паразити во текот на целата година.

2. Стерилизација го смирува животното
Стерилизацијата на машките кучиња, доколку се направи во раниот период, ќе го намали одреденото непријатно однесување, како што се лаењето и обележувањето на територијата со урина. Меѓутоа, стерилизацијата на животните може да има и повеќе придобивки за здравјето на домашните миленици, како што се заштита од рак на тестисите, простатата, матката…

3. Мачките ја означуваат својата територија со урина
Иако мачките понекогаш користат урина за да ја обележат својата територија, честото мокрење надвор од песокта може да биде сериозен здравствен симптом на инфекција на уринарниот тракт, камења во мочниот меур, дијабетес… Понекогаш ова однесување може да биде знак дека вашата мачка страда од вознемиреност. Ако го забележите ова несакано однесување, однесете го вашето домашно милениче кај ветеринарот за преглед.

4. На милениците не треба да им се мијат забите
Ако на животните не им се мијат забите редовно, може да настане сериозна болест на непцата и значително намалување на севкупниот квалитет на животот на миленичето. Прочитајте повеќе за тоа дали навистина е потребно на вашите миленици да им се мијат забите и како да се направи тоа без стрес.

5. Единствениот начин да се покаже љубов е преку храна
Занеме дека е тешко е да се одолее на нивните очи додека бараат уште едно парче мевце или гулаш.

Сепак, премногу храна и лекови доведуваат до разни здравствени ризици. Дебелината може да доведе до проблеми со кожата, коските, срцето, црниот дроб и артритисот. Консултирајте се со вашиот ветеринар колку храна е доволна за вашите миленици. И, се разбира, кога сакате да покажете мала љубов кон вашиот крзнен пријател, квалитетно поминато време низ игра е најдобар начин.