Ревија на кратки филмови на режисерот Ѓорче Ставрески ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во кафе-барот „Котур“. Публиката ќе има можност да ги проследи филмовите: „Материјал за аудиција“ (2013 г., 14’), „На изгрејсонце“ (2009 г., 15’) и „Скопски љубовџии“ (2012 г., 10’58’’), дел од омнибусот „Скопје Ремикс“. Ставрески е млад режисер, неговиот долгометражен филм „Исцелител“ е годинашниот македонски кандидат за наградата „оскар“.