„Легаси оф Каин: Соул Ривер“

Познато како долгоочекуваното продолжение на „Блод Омен“, „Легаси оф Каин: Соул Ривер“ беше една од најкористените акциски наслови на „плејстејшн 1“. Користејќи мрачната приказна, одличните гласовни способности и разни механики на играње што беа искористени ја направија играта да постигне огромен успех. Стилистички гледано, „Соул Ривер“ беше сосема поинаков пристап од својот претходник „Блод Омен“, кој имаше РПГ-стил на игра (игра на играње улога). Од палење вампири на оган до нивно набивање на колци.


„Краш Бандикут“

„Краш Бандикут“ е првата во серијата од игри на „Краш Бандикут“. Играта е проткаена со главниот антагонист доктор Нео Кортекс и докторот Нитрус Брио. Приказната го следи главниот лик лисицата Краш што има цел да ги спречи плановите на Брио и на Кортекс за светска доминација, и се разбира да ја спаси својата девојка Тана, женски бандит. Играта доби генерално позитивни критики од критичарите, кои ги пофалија графиката на играта и уникатниот визуелен стил, но ги критикуваа контролите и недостигот од иновации за една платформска игра.


„Резидент Евил 2“

„Резидент Евил 1“ беше иконична сама по себе, сепак, таа страдаше од сиромашна механика и проблеми со движењето. Откако „Резидент Евил 2“ беше пуштена, беше очигледно дека „Капком“ научил од своите грешки.
Продолжувањето на „Резидент Евил“ беше едноставно подобро во секоја аспект од претходното продолжение, како новите типови оружја и подобрите анимации и движења на главниот лик.


„Сајлент Хил“

Оваа игра беше физиолошки уништувачка. „Сајлент Хил“ имаше цел да те исплаши толку многу што по неа ќе ти биде тешко да спиеш мирно ноќе. Искрено „Конами“ добро ја заврши својата работа и ја постигна таа цел со користење магла, големата застапеност на темнина во играта. „Сајлент Хил“ создаде една од најстрашните играчки средини што некогаш биле видени. Во комбинација со легендарниот застрашувачки саундтрак, оваа игра никогаш нема да ви дозволи да исчезне чувството на морничавост.