Нега и убавина

Еден од актуелните трендови за боење на косата оваа есен е техниката наречено тигрово око. Стилистите и фризерите велат дека оваа техника може да стане поприфатена и од балеаж, која доминира во последните неколку години. Техниката тигрово око го добила името по каменот со ова име, познат по раскошните нијанси на кафена и златна боја, а токму со такви тонови е прошарана и косата во новата сезона. Ако се одлучите за оваа техника, пред боењето треба да поразговарате со фризерот и заедно да ја изберете нијансата, во зависност од поттонот на кожата. Битно е да ги пронајдете оние нијанси што на косата ќе ѝ дадат волумен, а фризерите како потемелна нијанса советуваат некој од палетата на кафени тонови.
Тигрово око се постигнува со мешање длабоки топли нијанси на карамела, кафена и златна боја, а основното е што коренот на косата е потемен, а кон врвовите бојата станува сѐ посветла. Одржувањето на оваа техника не е многу лесно, а стручњаците велат дека за оваа техника е најдобро да се одлучат бринетите што сакаат промена, како и оние што сакаат комбинација на студени и топли тонови во косата. Најдобри се ефектите кај права фенирана коса, кога до израз доаѓаат богатството на нијанси и разликата меѓу основната боја и прамените.