На 9 и 10 февруари, битолскиот „Движечки музички театар“, чиј основач и менаџер е Марјан Неќак, ќе настапи во театарот МЕТА во германскиот град Минхен, со монооперата „Дневникот на лудиот“ од Гогољ, чиј режисер и композитор на музиката е Марјан Неќак.

– Претставата ќе ја следат највлијателните продуценти, режисери, драматурзи и театарџии од Германија. Во пресрет на исклучително важното гостување за македонскиот „Движечки музички театар“, посебно годи информацијата дека монооперата „Дневникот на лудиот“ се најавува како најважната претстава од Балканот што добила над 10 награди на меѓународни фестивали, а од критичарите беше прогласена за најдобра претстава во периодот 2016-2017 година – изјави Неќак.

Во „Дневникот на лудиот“ настапува актерот Озрен Грабариќ.