Детскиот фестивал „Поточиња“ пролетва го прослави својот 15-ти роденден, со шест прекрасни претстави во Македонската опера и балет, а со доаѓањето на есента започнуваат подготовките за новото 16-то издание „Поточиња 2019“, кое ќе се одржи следната пролет.

За таа цел организаторот, „Пап продукција“, објавува аудиција за прием на нови членови учесници на фестивалот „Поточиња 2019“.

Аудициите почнуваат денеска и ќе траат до 20 септември, а ќе се одржат во градинката „Срничка“ (објект „Бамби“), во населбата Аеродром, од 18 до 19 часот. Сите заинтересирани деца на возраст од 5 до 10 години може да дојдат во еден од предвидените термини и со широка насмевка да испеат една омилена песничка.
За повеќе информации можете да се обратите на produkcijapap@gmail или на телефонскиот број 072 210 660.