Како телото покажува дека му недостигаат протеини
Дали често се чувствувате уморно, раздразливо, имате болки во мускулите и послаб имунолошки систем? Причината може да биде недоволно количество на протеини во вашата исхрана. Иако многу луѓе мислат дека внесуваат доволно хранливи материи, телото можеби не добива доволно квалитетни протеини, што е клучно за енергијата, силата и целокупното здравје. Затоа ни испраќа суптилни сигнали дека му недостига нешто.
Постојано...
Новинарот и публицист Владимир Перев пријави во МВР вербален и физички напад врз него
Полицијата го расчистува случајот во кој новинарот и публицист Владимир Перев (80) пријави во МВР, а потоа и објави во јавноста дека бил објект на вербален и физички напад од непознато лице во Скопје.
Во колумна објавена на порталот Трибуна.мк, Перев пишува дека бил нападнат од маж на околу 40 години кој заедно со него чекал во редот на касата...
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, се очекува произнесување за вина и воведни зборови на одбраната
Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето треба да продолжи со произнесување на вина и воведни зборови на одбраната, откако на изминатото рочиште обвинителството во воведниот говор порача дека се бара одговорност по име и презиме за...
ФОТО: Маглива завеса повторно низ скопските улици
Густата магла и загадениот воздух повторно го обвиткаа главниот град.
Погледнете дел од урбаниот живот во Скопје зад завесата од смог и невидливи контури, низ објективот на нашата фоторепортерка Маја Јаневска-Илиева.
Бебе од Прилеп починало во кичевската болница, однесено во тешка здравствена состојба
Бебе родено во 2024 година синоќа починало во Општата болница во Кичево, и покрај напорите на медицинскиот тим да го реанимираат.
Според информациите од СВР Кичево, случајот бил пријавен вчера, во 22.10 часот. Бебето било однесено на детското одделение во тешка здравствена состојба.
Медицинските лица веднаш ја пружиле потребната помош и извршиле реанимација, но не успеале да го спасат детето.
Од страна...
Безживотно тело на 42-годишник од Тетово најдено во близина на селото Нераште
Тетовската полиција информира дека попладнево околу 16 часот е најдено безживното тело на 42 годишник од Тетово, кој бил пријавен од сопругата дека од вчера во 18 часот е излегол од дома и не се јавувал на телефон. Со соопштението на СВР Тетово се наведува дека на стакло од возилото во кое е најден 42 годишник има дупка од...
Миле Ѓорѓиоски: „Јаков од Камена Река“ е фестивал отворен за сите кои преку својата работа ја промовираат Македонија
Со концерт на Драган и Ратко Даутовски, со рецитал на актерот Игор Трпчески и со доделување на наградите на годинешните лауреати, на 28 ноември во КИЦ „Романса“ во Македонска Каменица ќе се одржи свеченото отворање на третото издание на фестивалот „Јаков од Камена Река“.
Овој фестивал се одржува во чест на првиот македонски печатар Јаков од Камена Река, денешна Македонска...
Делови од американскиот план се прифатливи, европскиот план не ни одговара, истакна Ушаков
Многу одредби од американскиот план за Украина изгледаат прифатливи, додека европскиот план е неконструктивен - изјави денеска помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков.
- Постојат многу шпекулации за американскиот план за Украина, но руската страна верува во она што ѝ е пренесено преку соодветните канали. Многу одредби од американскиот план за Украина кои ги видовме, изгледаат прифатливи - рече Ушаков,...
Американскиот мировен план за Украина е намален од 28 на 19 точки, објави „Фајненшал тајмс“
Мировниот предлог на САД за завршување на војната во Украина е намален од првичните 28 точки на 19, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори запознаени со преговорите. Кои наводно не кажаа кои елементи од мировниот план се отстранети.
Откако американските и украинските делегации вчера се состанаа во Женева, двете страни објавија напредок во напорите за завршување на војната со...
И Брисел и Киев мора без двоумење да го прифатат американскиот мировен план за Украина, порача Сијарто
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, порача дека и Брисел и Киев мора без двоумење да го прифатат американскиот мировен план за Украина, бидејќи, како што нагласи, ситуацијата на теренот и во Европа се влошува секој ден.
Сијарто оцени дека „безусловната и целосна поддршка за американскиот мировен план е единствено прифатливо однесување за сите европски политичари“. Според него, секој...








































