До 14 часот во земјава се регистрирани осум пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а четири се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активен е пожарот во атарот на селото Гари, во општина Дебар, каде што гори ниска вегетација и нискостеблеста мешана шума.
Пожар има и во населбата „Перо Чучо“ во Куманово, каде што се зафатени депонија и ниска вегетација, како и на депонија во Пехчево.
Под контрола е ставен пожарот на депонија во селото Дворци, во општина Пласница.
Во меѓувреме, изгаснати се четири пожари на ниска вегетација на подрачјата на Валандово, Врапчиште, Гази Баба и Старо Нагоричане.

































