И Брисел и Киев мора без двоумење да го прифатат американскиот мировен план за Украина, порача Сијарто
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, порача дека и Брисел и Киев мора без двоумење да го прифатат американскиот мировен план за Украина, бидејќи, како што нагласи, ситуацијата на теренот и во Европа се влошува секој ден.
Сијарто оцени дека „безусловната и целосна поддршка за американскиот мировен план е единствено прифатливо однесување за сите европски политичари“. Според него, секој...
Силјановска Давкова ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2025/2026 година
Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2025/2026 година на 20 најдобри студенти кои своето образование ќе го продолжат на Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот „Јорк“, со седиште во Солун, Грција.
Секоја стипендија поединечно е во висина на уписнината на Сити колеџот и изнесува 14.890 евра при што 50 педесет проценти или 7.445 евра...
Сослушан сведок во случајот „Геријатрија“, судењето продолжува на 5 декември
На денешното рочиште за случајот „Геријатрија“ пред Основниот кривичен суд Скопје на предлог на одбраната сведочеше сведок вработена како архивар во установата, која поради боледување на секретарката на директорот била на замена на тоа работно место.
Прашана дали на состанок со директорот дошло лице со име и презиме Небије Заимовска, одговори потврдно.
-Дојде едно лице, се претстави со тоа име, дојде...
Продолжен притворот за шесте лица за злоупотреби во прилепската болница
Прилепскиот Основен суд го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство и им го продолжи притворот до 30 дена на шесте лица во случајот со злоупотреби во прилепската болница - потврдува претседателката на основниот суд во Прилеп, Јасмина Шишковска.
-Притворот е продолжен на шестте лица.Тоа го одлучи кривичниот совет при Судот, но постои можност за жалба. Поднесени се жалби до Апелацискиот...
Лажни дојави за бомби во две училишта и Музеј
Во СВР Скопје денеска околу 9 часот било пријавено дека на електронски адреси во две приватни училишта во Скопје и Музеј, пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи.
-Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави - наведуваат од МВР.
Како што информираат од МВР, од страна на...
Од полноќ поевтинуваат бензините, а поскапува дизелот
Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а за исто толку поскапува дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 е 75 денари...
Акaдемик Јордан Поп Јорданов, врвен истражувач, научник, филозоф и човек во полна смисла на зборот
„Научното и уметничкото творештво е и среќа и коб, смисла на постоењето, но таа смисла станува бесмислена, без човечка толина, толерантност и разбирање, без срце на дланка“, е мисла на академикот Јордан Поп Јорданов, која денеска поповод сто години од неговото раѓање ја изнесе пртседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Живко Попов пред пруситните на настанот,...
ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ поднесоа иницијатива за формирање Анкетна комисија за „Пулс“, „Модуларна болница“, „Дурмо турс“ и „Беса транс“
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ денеска до Собранието поднесоа Иницијатива за формирање Анкетна комисија за утврдување на околностите во постапувањето на институциите за трагедиите и несреќите во земјата. Целта на оваа Анкетна комисија, како што изјави на прес-конференција пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, е утврдување на одгвоорност на функционери, носители на јавни функции и други поврзани лица, како...
Агенцијата за филм: Спроведовме значителни реформи во работењето во 2025 година
Агенцијата за филм денеска на прес-конференција презентираше дополнителни појаснувања поврзани со Конечниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР) за финансиското работење на Агенцијата заклучно со декември 2024 година, како и да бидат презентирани информации за тековните реформи што се спроведуваат под актуелното раководство.
-Во однос на објавеното соопштение од ДЗР и насловот „Слабости во работењето и неправилностите во...
Гаши: Предлогот на СДСМ и Левица за анкетна комисија за Кочани вратен на доуредување
Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска информираше дека на редовната средба со координаторите на пратеничките групи е констатирано дека Предлог одлуката за основање на анкетна комисија за трагичниот настан во Кочани поднесена од Левица и СДСМ не е уредна поради тоа што тие бараат да имаат мнозинство во Комисијата, а имаат и претседател.
Гаши на брифингот со новинарите објасни дека...







































