АЕК: До 12 јануари 2026 година продолжен рокот за конечна одлука за најповолен понудувач за трет мобилен оператор

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ги продолжи за 96 дена роковите од тендерската документацијата за трет мрежен оператор во државава, а на барање на единствениот понудувач на тендерот „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“. Со тоа, согласно Одлуката на АЕК, краен рок за донесување одлука за избор на најповолен понудувач е 12 јануари 2026 година, а 25 февруари 2026...

Мицкоски: Законите и правилата се јасни и секој мора да ги почитува

Законите и правилата се јасни и секој мора да ги почитува, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за апсењето на српскиот пејач Аца Лукас во петокот на настап во Кавадарци. Тој посочи дека не знаел за случајот и оти пред неколку дена бил информиран од соработниците во кабинетот, по завршувањето на настанот, нагласувајќи дека внимателно ќе ги...

Мицкоски: Се срамиме пред Стразбур од оние кои го контаминираат судството и обвинителството

Mickoski glasanje Lokalni izbori
Откако Судот во Стразбур ги потврдил повредите на правото на правично судење во предметот „Tенк“ кој се водел против поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, премиерот Христијан Мицкоски вели дека подолго време укажувале на судски случаи во кои има нарушување на човековите права и оти судиите кои го направиле тоа се истите оние на кои им се мали...

Кенгурот како света и национална икона на Австралијците

Животни Во 2020 година организацијата „Кенгарус алајв“, во соработка со „Анимал џастис парти“, го создаде Светскиот ден на кенгурот, кој се одбележува секоја година на 24 октомври. Мисијата на Светскиот ден на кенгурот беше воведување на Меѓународниот ден за прослава на националното животно на Австралија и издигање на свеста за заштитата и заканите кон нејзиниот опстанок. Темите на минатите денови...

Објавена поетската книга „Географија на слободата“ на Наташа Сарџоска

Деновиве во Риека, Хрватска, од печат излезе поетската книга „Географија на слободата“, која содржи избор песни од сите шест поетски книги и неколку необјавени песни на Наташа Сарџоска, во издание на Хрватското книжевно друштво, а со поддршка од Министерството за култура и туризам. Сарџоска за оваа книга одржа две промоции во Хрватска. Првата беше во рамките на Деновите на...

Европа гради империја на вештачка интелигенција, но може да остане без вода

Европската Унија сака да стане светско седиште на вештачката интелигенција, но нејзините планови може да се судрат со една од најопасните последици од климатските промени – недостиг од вода. Во април Брисел најави дека во наредните пет до седум години ќе го зголеми тројно капацитетот на центрите за податоци, клучната инфраструктура што ги поттикнува дигиталната економија и ВИ-системите како...

Ликовна колонија дел од шестото издание на фестивалот „Котон блуз“

Колонијата има хуманитарен карактер, а учесници се Трајче Чатмов, Милан Андов, Слободан Живковски и Боро Арсовски Во рамките на годинашното, шесто издание на фестивалот „Котон блуз“, ја најавуваме и ликовната колонија како составен дел од програмата веќе трета година по ред. Имено, станува збор за интеракција на ликовни уметници што сликаат додека музичарите свират. Нотите и топлиот звук на блуз-музиката...

Јанкулоска: Судот во Стразбур ги потврди повредите на правично судење против мене за „Тенк“, издржав неправедна драконска казна

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на неjзиниот Фејсбук-профил објави дека по пет години од поднесувањето на апликацијата пред Европскиот суд за човекови права, во однос на пресудата против неа за предметот „Тенк“ за набавка на блиндирано возило за потребите на државата, Судот во Стразбур ги потврдил повредите на правото на правично судење во предметот. - Европскиот суд за...

Претставување на дигиталната збирка натписи и приказни „Прометеј“

Археолошкиот музеј во Скопје и Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денеска во 12 часот покануваат на претставување на дигиталната збирка натписи и приказни „Прометеј“ на веб-страницата https://prometheus-epigraphy.eu/ во Археолошки музеј во Скопје. Оваа збирка содржи селекција од 30 натписи од периодот на римскиот принципат, напишани на грчки и латински јазик и пронајдени на териториите на Република...

ИЗИИС добитник на наградата Гран при за најдобра академска институција во Југоисточна европа, во плејадата со величините

Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е прогласен за добитник на наградата Гран при за Академска Институција 2025 на престижниот фестивал SEE Paris–Berlin–Washington. Свеченото врачување се одржа на 18 ноември 2025 година во величествениот Пантеон Асас – Сорбона II во Париз, на делегација составена од проф. д-р Игор Ѓорѓиев,...