Прекинато судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, продолжува на 2 декември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, продолжува на 2 декември. На денешното рочиште присутните законски застапници на општетените пред Судот изјавија дека се приклучуваат кон кривичен прогон и дека своите права и оштетно побарување ќе ги остваруваат во граѓанска постапка. Судијката Диана Груевска Илиевска информираше дека утрешното рочиште се отповикува, а на следното...

Лавров: Русија ја чека преодната верзија на американскиот план за Украина

Москва очекува Вашингтон да ја достави преодната верзија на планот за решение во Украина, договорен со Европејците и Украинците - изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. Тој рече дека Русија очекува САД да ја информираат за резултатите од разговорите со Украина и се надева дека тоа ќе се случи во догледно време - пренесува РИА Новости. - Имаме канали...

Имаме јасен план и фокус, наша стратегија е да бидеме најдобри, рече Мицкоски за Реформската агенда

Mickoski pres
Имаме јасен план и јасен фокус. Нашата стратегија е да бидеме најдобри во одделението. Тоа ќе го направиме. Иако тоа некој не го цени. Ако мисли дека треба билатералните прашања да бидат пречки за нашето членство во ЕУ, простете, ние тука не можеме ништо да сториме - изјави премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање кои закони од Реформската агенда...

Лондон го кочи мировниот план на Трамп за Украина поради економски интереси, тврди руската разузнавачка служба

Британските власти би можеле да се обидат да го поткопаат миротворниот пристап на американскиот претседател Доналд Трамп во решавањето на конфликтот во Украина, дискредитирајќи го преку стари обвинувања за наводни врски со советските и руските разузнавачки структури. Ова го тврди руската Надворешна разузнавачка служба (СВР), повикувајќи се на сопствени извори. Според овие информации, Лондон е загрижен дека иницијативите на Вашингтон...

Промовирана дигиталната збирка натписи и приказни „Прометеј“

Вчера во Археолошкиот музеј беше промовирана новата дигитална платформа за епиграфика и раскажување на древни натписи „Прометеј“ (Prometheus). Платформата нуди интерактивни мапи, слики и визуелизации на дигитално документирани натписи и споменици, приказни инспирирани од натписите, индекси за научна анализа и база на древни споменици кои се истражени, дешифрирани и дигитализирани. Сите материјали се со отворен пристап (open access), достапни за...

За кратко ќе се знае цената на струјата, што ЕСМ ќе ја понуди на тендер, истакна Мицкоски

За кратко ќе се знае цената на струјата, којашто ќе ја понуди на тендер ЕСМ, најави денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, кој одговараше на прашањето дали ги добил пресметките за цената на струјата и дали се останува на цената од 62 евра за мегават час или пак ќе се зголеми. Премиерот Мицкоски истакна дека оваа година тендерот за набавка...

Дел од одбраната реагира дека го немаат добиено изменетото обвинение, а од нив се очекува да дадат воведни зборови

Судот даде половина час пауза на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени, откако одбраната на дел од обвинетите, пред почетокот на денешното рочиште, реагираше до Судот дека го немаат добиено изменетото обвинение, а од нив се очекува да дадат воведни зборови. Според одбраната, се...

Кинескиот претседател Си Џинпинг директно му кажа на Трамп дека нема шега со прашањето за Тајван

Кинескиот претседател Си Џинпинг вчера отворено и директно му рече на својот американски колега Доналд Трамп во телефонски разговор, дека „враќањето на Тајван во Кина е клучен дел од повоениот меѓународен поредок“. Ова го потврди и објави кинеската државна новинска агенција Синхуа. „Кина и САД некогаш се бореа рамо до рамо против фашизмот и милитаризмот, а сега треба да соработуваат за да ги заштитат резултатите од...

Мицкоски: 6.045 пристигнати апликации, најголем интерес за мерката за самовработување

Како Влада, силно веруваме дека економијата расте тогаш кога граѓаните имаат поддршка да создаваат, да иновираат и да стануваат претприемачи, затоа мерката за самовработување, како дел од Оперативниот план, е една од најатрактивните и најуспешните програми во државата. Оваа година го имаме најголемиот интерес досега – стигнаа вкупно нешто повеќе од 6.000 апликации, што е силен индикатор дека граѓаните...

Крешимир Мишак повторно во Македонија со специјално предавање: „Трансхуманизмот е пред вратата, а каде си ти?“

Авторот на култната емисија „На Рубу Знаности“, легендарниот Крешимир Мишак повторно во Македонија! По успешното предавање во Свети Николе во септември годинава, еден од најголемите умови на денешницата повторно доаѓа во Македонија со специјално предавање насловено „ТРАНСХУМАНИЗМОТ Е ПРЕД ВРАТАТА, А КАДЕ СИ ТИ?“. Крешимир Мишак е новинар, истражувач, писател, публицист и музичар кој има објавено над 10 книги...