Уапсено четврто лице за грабежот во Лувр

Во парискиот регион денеска е уапсено лице осомничено за грабежот во музејот Лувр. Весникот „Паризиен“ (Le Parisien) пишува дека лицето, уапсено во врска со грабежот, е веќе познато на полицијата и се верува дека е поврзано со преостанатите тројца веќе уапсени и обвинети за ова злосторство. Како што се наведува, потрагата по украдените скапоцености сè уште трае.

Силјановска-Давкова се сретна со делегација од Сенатот на Кралството Шпанија

Шпанија е наш важен партнер во НАТО, ООН и ОБСЕ и принципиелен поддржувач на македонските аспирации за членство во ЕУ, рекла претседателката Гордана Силјановска-Давкова на денешната средба со делегацијата на Комисијата за надворешна политика од Сенатот на Кралството Шпанија, во придружба на амбасадорот Рафаел Сориано Ортиз. Таа ја поздравила посетата, оценувајќи ја како пресвртница во шпанско-македонските односи преку обнова и...

Украина постигна договор со САД за условите на потенцијален мировен договор со Русија, соопштија американски претставници

Украинска делегација постигна договор со САД за условите на потенцијален мировен договор со Русија, пренесе БТА повикувајќи се на американските телевизиски мрежи „ABC“, „CBS“ и „CNN“ кои цитирале претставници на американската влада. Министерот за одбрана на САД, Ден Дрискол, вчера одржа тајни разговори со руска делегација во Абу Даби, ОАЕ, како продолжение на разговорите со Украина во Женева за време...

Транспарентноста останува еден од главните приоритети на оваа Влада, истакна Фетаи

Транспарентноста е и останува приоритет на оваа Влада, со оваа одлука обезбедуваме Стратегијата за транспарентност да се спроведува со забрзан ритам и со целосна одговорност, изјави заменик-претседателот задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, откако на денешната владина седница беше усвоен ревидираниот Акционен план на Стратегијата за транспарентност (2023-2026), во делот кој се однесува на роковите и институциите...

Насилството врз жената и семејното насилство не е приватна работа, тоа е општествен, културолошки и системски проблем

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски присуствуваше на настан организиран по повод почетокот на 16 дена активизам против родово базирано насилство насловен „Од пријавување на насилство до спречување на фемицид – системски одговор“  од страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во земјава, каде порача дека насилството врз жената и семејното насилство...

По три одложувања почна судскиот процес за повеќе кривични дела за изградбата на новиот објект за театар и библиотека во Тетово

Во Основниот суд Тетово денес почна судскиот процес по поднесениот обвинителен предлог за повеќе кривични дела поврзани со изградбата на новиот објект за потребите на тетовските театар и библиотека. Судскиот процес почнува по три одлагања, откако во декември 2024 година Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителни акти против четири луѓе и едно правно...

Финансиската независност е прв чекор за вистински реформи во судството, оцени Камбовски

Судскиот совет денеска ја претстави новата Предлог-програма за борба против корупцијата и Акцискиот план за спречување коруптивни појави за периодот 2026–2029, документ којшто, според претседателот на Советот Александар Камбовски, претставува важен чекор и за правосудниот систем и за европските интеграции на државата. Камбовски посочи дека судството има двојна улога, односно да пресудува во коруптивните предмети, но и да спречува појава...

Триесет и тригодишен затвореник починал во Охридската болница

Триесет и тригодишно лице од струшкото село Октиси, во тешка здравствена состојба починало во Болницата во Охрид - соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, вчера во 19 часот во СВР Охрид било пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со возило на Итната медицинска помош, во тешка здравствена состојба бил донесен К.Р.(33) од струшкото село Октиси, кој,...

Лишени од слобода пет лица поради злоупотреби со стоковите резерви

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пет лица поради основано сомневање дека како соизвршители сториле кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти ОЈО, осомничените ја злоупотребиле својата службена должност со неизвршување на својата службена положба и иако биле...

Прекинато судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, продолжува на 2 декември

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, продолжува на 2 декември. На денешното рочиште присутните законски застапници на општетените пред Судот изјавија дека се приклучуваат кон кривичен прогон и дека своите права и оштетно побарување ќе ги остваруваат во граѓанска постапка. Судијката Диана Груевска Илиевска информираше дека утрешното рочиште се отповикува, а на следното...