Грам негативни бактерии пронајдени во мусаката и на три чешми во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае, соопшти ИЈЗ
Во узорираниот примерок од мусаката која се служела во прва смена во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае се најдени грам негативни бактерии од групата на Enterobacteriaceae, фекални бактерии кои исто така се пронајдени и на три чешми во училиштето - информира Институт за јавно здравје (ИЈЗ).
Како што посочуваат од ИЈЗ, после денешната прес-конференција добиле нов резултат од...
Ќе изградиме систем што ги препознава, анализира и одговара на хибридните и информациските закани, истакна Мицкоски
Нашиот национален интерес е јасен: да изградиме држава која препознава, анализира и одговара на хибридните и информациските закани координирано, брзо и професионално - порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на конференцијата „Хибридни и информациски закани“, во организација на Институтот за комуникациски студии.
Конференцијата беше организирана во рамки на проектот „Следење, откривање и разобличување на скриеното странско мешање и манипулирање со информации“,...
Регулаторна следната недела ќе ги утврди тарифите за пренос и дистрибуција на струја, нема да има поскапување
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) следната недела ќе донесе одлуки за тарифите за пренос и дистрибуција на електрична енергија, како и за цената на операторот на пазарот на електрична енергија. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, увери дека овие одлуки нема да предизвикаат зголемување на цената на струјата за домаќинствата.
-По носењето на овие одлуки, потенцирам дека во никој случај нема...
Зимата 2025/2026 ќе биде малку потопла од просекот, со просечни врнежи и изразени месечни осцилации, соопшти УХМР
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) го објави сезонскиот изглед за претстојната зима 2025/2026, подготвен врз основа на прогностички материјали од Европскиот Центар за Среднорочна Прогноза на Времето, Виртуелниот Центар за Климатски Промени за Југоисточна Европа и други светски прогностички центри.
Истражувањата за климатските изгледи за зима, како што велат од УХМР, се базираат на динамички модели, статистички модели и телеконекции...
Во поплавите во Тајланд загинаа најмалку 145 луѓе
Бројот на жртвите во поплавите што го погодија јужниот дел на Тајланд се искачи на 145.
Повеќе од 1,2 милиони домаќинства и 3,6 милиони луѓе се погодени од поројните дождови и поплавите во 12 провинции во јужен Тајланд. Најпогодена е провинцијата Сонгхла, каде загинаа 110 лица.
Тајландската метеоролошка служба соопшти дека врнежите се намалени, но предупреди дека се можни бури и...
Исплатата на пензиите не е загрозена, тие ќе пристигаат секој први во месецот, објавија од Фондот за пензиско осигурување
Фондот на пензиското и инвалидското осигурување сака да ја извести јавноста дека исплатата на пензиите се одвива нормално и веќе на први декември 2025 пензионерите ќе ја добијат ноемвриската пензија, за што вкупно ќе се исплатат средства во висина од 9.297.493.427 денари (девет милијарди 297 милиони 493 илјади и 427 денари).
- Пензионерите треба да бидат спокојни, бидејќи Владата ја...
Индустриското производство во октомври бележи раст од 2,8 отсто
Индустриското производство во октомври 2025 година е зголемено за 2.8 % во однос на октомври лани - објави денеска Државниот завод за статистика.
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен бележи опаѓање од 0.2 %, во секторот Преработувачка индустрија има пораст од 0.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација зголемување од 26.5...
Од 1 декември поскапува парното греење, сметките повисоки за околу 130 денари
Од 1 декември цената на топлинската енергија за домаќинствата ќе се зголеми во просек од 5.9 проценти - соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бескимовски.
За корисниците кои се снабдуваат преку најголемиот систем (ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Снабдување и ЕСМ Производство) поскапувањето изнесува во просек 5,9%, додека за потрошувачите на ЕСМ Енергетика зголемувањето е 7,6%, а за Скопје...
Нема да има ценовен шок за домаќинствата, Владата ќе продолжи да ја субвенционира цената на струјата, тврди Мицкоски
Владата и понатаму ќе продолжи да ја субвенционира цената на електричната енергија, така што нема да има ценовен шок за домаќинствата. Тоа денеска го посочи премиерот Христијан Мицкоски во врска со најавеното покачување на цената на струјата.
Одговарајќи на прашање на новинарите, Мицкоски истакна дека регулаторот одлучува за висината на цената на електричната енергија. Дали струјата ќе поскапи или ќе...
Реалните проекции за раст од 3,5% годинава и 3,8% догодина е доказ дека државата се движи во правилна насока, истакна Димитриеска Кочоска
Имаме реални проекции за раст од 3,5% годинава и 3,8% следната година, а тоа е доказ дека државата се движи во правилна насока - вели министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
Во телевизиско гостување, таа посочува дека иако проекцијата за јавниот долг беше 62,1%, годината ќе ја завршиме под 61%, што, според неа, е јасен сигнал дека Владата работи внимателно,...









































