Исплатена ноемвриската пензија без никакви проблеми, велат од ПИОМ

Исплатата на ноемвриската пензија е извршена и нема никаков проблем во тој дел од работата на Фондот на ПИОМ, нагласи директорот Никола Мемов на денешната 25. седница на на Управниот одбор на Фондот. Како што се наведува во соопштението од Фондот на ПИОМ, Мемов, исто така, информира дека е потпишан Анекс на Протоколот за размена на податоци со Управата за...

Во прекин железничкиот сообраќај, машинскиот извршен персонал во бојкот

Машинскиот извршен персонал од денеска од 13 часот стапи во бојкот што значи дека вработените ќе доаѓаат на работа, но нема да ги извршуваат работните обврски. Поради бојкотот, во прекин е патничкиот железнички сообраќај, односно возот за Битола не замина а, според најавите, нема да замине ниту возот за Гевгелија. Од Синдикатот на машиновозачи велат дека бојкотот може да потрае...

Тошковски: Започна пробниот период на системот „Безбеден град“, за 12 часа над 65.000 прекршоци

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот, каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City), по повод почетокот на пробниот период во кој сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат известување за сторениот прекршок. Со последните измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, прекршоците документирани со технички средства – камери, сензори и уреди за...

Од Владата до Собранието пристигнале нови предлози за министри на местата на Меџити и Муртезани

До Собранието е пристигнат предлогот за новите министри од ВРЕДИ, информираа попладнево од кабинетот на претседателот на законодавниот дом Африм Гаши. Новите министри треба да дојдат на местото на Изет Меџити, кој беше прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање до неговиот избор за градоначалник на Општина Чаир, како и на министерот за европски прашања Орхан...

Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан, велат од УЈП

Повратот на средства од МојДДВ за третиот квартал не е прекинат, ниту откажан, велат од Управата за јавни приходи. Оттаму посочуваат дека во процесот на исплата кај дел од спецификациите се појавил технички проблем кој бара целосна преработка на истите. - Имено, доколку постои дури и само еден налог каде се појавува корисник со промена на банка или трансакциска сметка,...

Владата и СЗО потпишаа петгодишна Стратегија за соработка во областа на здравството 2026 – 2030 година

Премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу и шефот на Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во нашата држава д-р Аким Али денеска потпишаа петгодишна Стратегија за соработка меѓу Владата и СЗО 2026 - 2030 година. Како што информира Министерството за здравство, на настанот со онлајн вклучување се обратил и директорот на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге. -Денешниот...

Програма за волонтирање на младите во Собранието

Собранието е отворено за младите и за нови идеи, порача претседателот на Собранието Африм Гаши на свеченото отворање на Волонтерската програма за 2025 година, што денеска се одржа во законодавниот дом. Програмата им овозможува на младите да се запознаат одблиску со работата на Собранието и да стекнат практично искуство во институцијата. Гаши истакна дека визијата од првиот ден на неговиот...

Уапсено лицето кое му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник

Лишено е од слобода лицето што му се заканувало на кавадаречкиот градоначалник, и е спроведено во притвор, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. -Во саботата во 18:20 часот во ОВР Кавадарци e задржан Н.Ј.(32) од Кавадарци, кој во 14:25 часот е лишен од слобода на подрачје на СВР Битола, а бил баран по централен распис од ОВР Кавадарци...

ЕУ воведува регистар на занаетчиски и индустриски производи со заштитно географско потекло

Повеќе прехранбени продукти, како грчкото фета сирење, францускиот рокефор или италијанската пршута досега беа заштитени со нашата европска шема за географско потекло, но од сега ваква пракса ќе биде воведена и за занаетчиските и другите индустриски производи во ЕУ, соопшти портпаролот на Европската комисија за технолошки суверенитет и истражување Тома Рение. - Помислете на италијанското стакло од Мурано, плочките од...

Дебата во Собранието: Берлинскиот процес го олеснува процесот на пристапување во ЕУ

Берлинскиот процес придонесува за подобрување на соработката во рамки на земјите од Западен Балкан во постигнување на стандардите на Унијата и е одлична платформа за поддршка на интеграцијата во ЕУ и уникатен пристап за дијалог и соработка во рамките на самиот Западен Балкан, но тоа не е замена за членство во ЕУ.  Нашата Реформска агенда и нашата оценка во...