Трамп: Непријатна е казната од 120 милиони евра за Икс – Маск не побара помош
Американскиот претседател Доналд Трамп ја нарече „непријатна“ казната што Европската Унија ѝ ја наложи на социјалната мрежа Икс (X) на Илон Маск и додаде дека не разбира како може да се оправда таква мерка.
Компанијата Икс минатата недела беше казнета со 120 милиони евра (140 милиони долари) од европските технолошки регулатори за прекршување на правилата за онлајн-содржина.
- Европа се движи...
Меѓународниот суд на правдата ја прифати контратужбата на Русија против Украина
Меѓународниот суд на правдата (МСП) ја прогласи за прифатлива руската контратужба против Украина во предметот кој се однесува на наводно прекршување на Конвенцијата за геноцид, и им наложи на страните да ги достават своите аргументи, соопшти денеска прес-службата на Судот.
Во пресудата од 5 декември се наведува дека руската контратужба е „прифатлива како таква и дел од тековната постапка“.
Судот го...
Мерц скептичен за американскиот мировен предлог: Потребна е согласност меѓу Европа, Киев и САД
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази скептицизам во однос на некои детали од американскиот предлог за запирање на војната во Украина на почетокот на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски, британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон во Лондон.
– Скептичен сум во однос на некои детали што ги гледаме во американските документи, но мора да ги разгледаме заедно....
Кошта: ЕУ мора да извлече поуки од новата американска стратегија, односите се променети
Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта изјави дека Европската Унија мора да извлече поуки од новата американска стратегија за национална безбедност.
– Треба да се фокусираме на градење на Европа која мора да разбере дека односите меѓу сојузниците и сојузите по Втората светска војна се променети - изјави Кошта на настан во Париз.
Кошта остро ги критикуваше тврдењата дека во Европа...
Ѓорѓиевски: Делото на Св. Климент Охридски е камен темелник на нашата културна самобитност
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил објави дека со делегација на Град Скопје положи цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски пред Универзитетската библиотека што го носи неговото име, по повод државникот празик 8 Декември посветен на најголемиот македонски учител и духовник.
- Денеска со длабока почит се поклонуваме пред споменикот на Св. Климент Охридски, пред...
Од 1 јануари почнува примената на Законот за сезонска работа, најавува Ристески
Од први јануари почнува примената на Законот за работно ангажирање лица, кој ја регулира областа на сезонското ангажирање и се очекува да влијае на намалувањето на сивата економија, најавува заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.
Ристески посочува дека во земјава за првпат се воведува ваков закон и дека опфатени ќе бидат студенти, пензионери, невработени, самовработени лица кои може...
„Сам со езерото и тишината“ на Влатко Трпoвски – ФОТОГРАФИЈА НА НЕДЕЛАТА
Фотографијата „Сам со езерото и тишината“ на авторот Влатко Трпoвски е овонеделниот избор на „Нова Македонија“ за фотографија на неделата.
– Човек стои на мовче, свртен кон езерото, во момент на тишина и размислување. Кадарот ја доловува повлеченоста, мирот и длабочината што се чувствуваат кога човек останува сам со природата – вели авторот за фотографијата.
Утре ќе биде отпечатена на цела...
Николоски: Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук објави видео од изградбата на автопатот Тетово - Гостивар за завршување на автопатското решение на Коридорот 8.
- Интензивно се работи на автопатот Тетово - Гостивар. Силна динамика во комплетирањето на автопатското решение на Коридорот 8. Ја градиме Македонија - напиша Николоски на својот фејсбук-профил.
За 11 месеци регистрирани три фемициди во Штип
По ковид-пандемијата, македонското општество се соочува со „епидемија“ на семејно насилство, вели претседателката на НВО „ЕХО“, Бети Пеева. Таа посочува дека за 11 месеци само во Штип се регистрирани три случаи на фемицид, а статистиката за насилство врз жени е уште позагрижувачка.
- Конкретно кај нас во организацијата, која веќе 23 години работи во оваа област, се пријавени од Штип...
Запленети 62 пакувања со марихуана при претрес на возило во Струшко
Четириесет и шестгодишник А.Т. од Поградец, Република Албанија, утрово во 7:05 часот бил лишен од слобода на магистралниот пат Струга - Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово.
Го привеле полициски службеници од Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, откако при претрес на возилото што го управувал, „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, откриле три торби...







































