Владата не го поддржува маршот на ОВК во Скопје, вели Мицкоски
Формиран е Кризен штаб за следење на настанот
Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека Владата не го поддржува најавениот марш на ветераните и поддржувачите на ОВК во Скопје, закажан за сабота со почеток во 13 часот, од плоштадот „Скендербег“.
Премиерот информира дека е формиран Кризен штаб што ќе ги следи сите настани поврзани со маршот 24 часа пред и по неговото...
Одбраната на Максути и Селами смета дека Обвинението за „Пулс“ е неосновано, недозволена пиротехника и незаконска работа – вистинските причини за трагедијата
На денешното рочиште за трагедијата со пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани, одбраната на обвинетите поранешни директори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Беким Максути и Џеват Селами се спротивстави на обвинителниот акт. Бранителот Еленко Миланов истакна дека обвинението против Беким Максути е неосновано и дека неговиот клиент не може да се доведе во причинско-последична врска со настанот,...
Можни се излезни решенија и промена на заклучоците на ЕУ, но одлуката не ја носиме ние, истакна Силјановска Давкова
Претседателката Гордана Силјановска Давкова смета дека е можна промена на заклучоците на ЕУ за земјава, како и излезно решение за проблемот со Бугарија, но оти одлуката за тоа не ја носиме ние.
- Од наша призма можно е да се смени заклучокот, но не ја носиме ние одлуката. Точно е дека ние сме разговарале за излезни решенија. Можеби некој не...
Мандарините се кралици на цитрусите
Здрава храна
Мандарините не се само вкусен зимски деликатес туку и вистински сојузник на здравјето. Мандарините се еден од најомилените зимски плодови, а покрај тоа што освојуваат со мирисот и слатко-киселиот вкус, тие се и вистински извор на здравје. Нивната популарност расте секоја година, а нутриционистите ги препорачуваат како неизоставен дел од исхраната во текот на студените месеци.
Зошто мандарините се...
Избрани десетте најдобри авионски превозници во светот
СВЕТСКА КЛАСА
Полека доаѓа времето на рангирање на најдобрите во различни категории, па така е и во светот на патувањата. Обично една од најинтересните листи е таа што ги претставува најдобрите авионски превозници во светот, на која веќе со години доминираат азиските компании. И годинава организацијата АПЕКС им оддаде признание на десет превозници со титулата светска класа. Нивната листа, всушност,...
Музика од дрвена кутија
Првата песна што се слушнала од необичната дрвена кутија, подоцна наречена грамофон, била „Mary had a little lamb“ во 1877 година. Сепак, потрагата по кутијата што свири, односно уред што е способен да репродуцира звук и да ја наполни просторијата со пријатна мелодија, не билa воопшто едноставна. Луѓето со децении, па и векови, неуспешно се обидувале да направат апарат...
По Скопје, Зелената иницијатива на ТАВ Аеродроми реализирана и во Охрид
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на АДП групацијата, денеска ја реализираше својата зелена иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“ и во Охрид, каде што вработените од охридскиот аеродром предводени од Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков заеднички засадија 20 црвени сливи во центарот на градот во должина на булеварот „Македонски...
Обвинителот треба да е бескомпромисен борец за почитување на законите и владеењето на правото, отпорен на политички влијанија, смета Силјановска Давкова
Бескомпромисен борец за почитување на законите, заколнат борец за владеењето на правото, некој кој ќе биде отпорен на партиски и на политички влијанија и ќе претставува круна на целиот обвинителски систем е профилот на личност, кој денеска го изнесе претседателката Гордана Силјановска Давкова, одговарајќи на новинарско прашање каква личност смета дека треба да биде на највисоката позиција во обвинителскиот...
Филипче најави поднесе резолуција од СДСМ во Собранието, за мигрантите
Претседателот на СДСМ Венко Филипче најави дека ќе поднесат нова иницијатива во вид на резолуција во Собранието, за, како што кажа, парламентарна акција со цел заштита на државните интереси поради планираниот прием на мигранти во земјава.
-Денес најавувам и нов чекор. После оваа петиција, ќе излеземе во Собранието и ќе бараме изгласување резолуција за ова да го запреме. Тоа ќе...
Kривична против поранешниот министер за внатрешни Оливер Спасовски
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје вчера поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за „злоупотреба на службена положба и овластување“
-О.С. додека ја извршувал функцијата министер за внатрешни работи, односно во текот на 2021 година, искористувајќи ја својата службена положба и овластување овозможил на правен субјект-технички преглед во општина Сарај...








































