Карл­сен и Аро­ни­јан фи­на­ли­сти на тур­ни­рот во Кејп­та­ун во Фи­ше­ров шах

Тре­ти­от ден од фи­на­ле­то на гранс­лем-тур­ни­рот во сло­бо­ден (Фи­ше­ров) шах во Кејп­та­ун (Јуж­на Афри­ка) ги одре­ди за­врш­ни­те ду­е­ли, па, та­ка, Нор­ве­жа­не­цот Маг­нус Карл­сен и Аме­ри­ка­не­цот Ле­вон Аро­ни­јан се пла­си­раа во фи­на­ле­то на пос­лед­ни­от тур­нир од го­ди­наш­на­та се­ри­ја, отка­ко по­бе­ди­ја во по­лу­фи­нал­ни­те ду­е­ли. Уз­бе­ки­ста­не­цот Ја­во­кир Син­да­ров и Гер­ма­не­цот Вин­сент Кеј­мер ќе се бо­рат за тре­то­то ме­сто, Аме­ри­ка­не­цот Фа­би­ја­но Ка­ру­а­на и...

Фото: Излезе од печат првата разгледница со народни носии на Македонците од Албанија

Излезе од печат првата разгледница „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“. Има 12 фотографии од традиционалните македонски носии од Голо Брдо, Преспа, Гора, Врбник – Билишта, селата Крчишта и Ербеле – Поле – Маќелара, која е авторско дело на Никола Ѓурѓај, инаку претседател на македонското друштво „Илинден“- Тирана и уредник на Македонски весник „Илинден”. Ова издание е...

Одбраната на обвинетите пазарни инспектори за случајот „Пулс“ тврди дека се пласираат неточни информации за институционалната одговорност и правниот статус на објектот

Со серија забелешки за работата на Обвинителството, одбраната на пазарните инспектори, на рочиштето за случајот со пожарот во Кочани, остро ја критикуваше правната конструкција на обвинението и начинот на кој, како што наведоа адвокатите, во јавноста се пласираат неточни информации за институционалната одговорност и правниот статус на објектот во кој загинаа повеќе лица, пренесува МИА. Дел од адвокатите, исто така,...

Зајакнување на деловните врски меѓу Прилеп и Британската бизнис асоцијација

Н.Е. Метју Лосон, амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија, денеска беше во посета на Прилеп, при што оставри средба со градоначалникот Дејан Проданоски. На протоколарната средба како што информираат од општината, присуствувале и претседателката на Советот на Општина Прилеп, како и пратениците од Прилеп во Собранието на Република Македонија. Градоначалникот Дејан Проданоски пред амбасадорот ја претставил моменталната состојба во општината, локалните потенцијали, унапредената бизнис клима,...

Владата на Росен Желјасков поднесе оставка по жестоките протести поради законот за буџет

Бугарската влада на премиерот Росен Желјасков, денеска пред гласањето нејзина недоверба поднесе оставка, објави премиерот во кулоарите на Народното собрание. -Нашата коалиција се собра, разговараше за моменталната состојба, предизвиците со кои се соочуваме и одлуките што мора одговорно да ги донесеме. Меѓутоа, одлуките на Народното собрание се важни кога ја одразуваат волјата на суверенот. Нашата желба е да бидеме на...

До Гаши испратено барање за одземање на имунитетот на пратеникот Јанчев од Левица

Писмо со барање за одземање на имунитетот на пратеникот Саше Јанчев од Левица до претседателот на Собранието Африм Гаши испратиле родителите на тешко повреденото 13 - годишно девојче во сообраќајната несреќа што се случи на 14 септември годинава во Илинден. На повредите од несреќата подоцна им подлегна 16-годишното момче кое го управувало мопедот. Јанчев е осомничен за сообраќајната несреќа што...

Киев ја достави својата реакција на мировниот план на Трамп

Украина ја формулираше својата реакција на американскиот мировен план и ѝ ја достави на Вашингтон, објави порталот РБЦ-Украина доцна синоќа. Деталите од украинскиот контрапредлог сè уште не се објавени. Планот што првично го предложи администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп беше остро критикуван од многумина како „список на желби“ на Москва, бидејќи суштински ги прифаќа руските барања, наведува германската агенција...

САД ќе останат посветени на НАТО и покрај новата Национална безбедносна стратегија, вели Руте

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека САД ќе останат посветени на колективната безбедност на своите сојузници во рамките на Алијансата, и покрај новата Национална безбедносна стратегија (НСБ). - Кога ја гледам НСБ, јасно е наведено дека САД се посветени на Европа со цел да ја обезбедат нејзината безбедност. САД се посветени на НАТО. Исто така, за да се...

Засега не се планираат ограничувања на социјалните мрежи за деца по примерот на Австралија, вели Андоновски

Македонија засега не планира радикални забрани како австралискиот модел за ограничување на социјалните мрежи за деца, но прашањето е разгледувано, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, одговарајќи на прашањето дали Македонија планира да го следи примерот на Австралија, која прва воведе закон за забрана на социјални мрежи за деца под 16 години. -Секоја забрана треба да бидете свесни како...

Аљбан Кадриу, предложен за нов член на Судскиот совет

Со осум гласа „за“ Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска одлучи на Собранието да му го предложи Аљбан Кадриу, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово, за нов член на Судскиот совет. Кадриу беше предлог на претставникот на коалицијата Вреди во Собранието Беким Ќоку. Членовите на Комисијата не го прифатија предлогот на пратеничката група на Европскиот фронт...